ЦИВИЛ: Фантомите се вратија на Избирачкиот список

Од ЦИВИЛ велат дека се работи за евидентирање на проблеми кои веќе со години се присутни.

177

ЦИВИЛ ги повика институциите да го поедностават процесот на решавање на случаите што ќе ги пријават граѓаните по увидот на Избирачкиот список.

-Нема зошто гласачите сами да ја вршат работата на институциите, а притоа да бидат шетани од една врата до друга и, на крајот, пак да не се реши проблемот!- велат од ЦИВИЛ.

до оваа граѓанска организација во текот на првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список во пресрет на Референдумот,пристигнале десетина пријави за проблеми.

Од ЦИВИЛ велат дека се работи за евидентирање на проблеми кои веќе со години се присутни.

– Фантомите во Избирачкиот список се вратиле и удобно се сместиле на адресите на граѓанките и граѓаните што се јавија во нашата организација. Добивме и една пријава за починато лице што сѐ уште фигурира во Избирачкиот список- велат од ЦИВИЛ.

Од ЦИВИЛ наведуваат и дека во една од проплаките граѓанин  пишува дека веднаш се јавил во ДИК да пријави неколку „ненајавени гости“ на својата адреса.

– Од ДИК, како и на претходните изборни процеси, го упатиле да се јави во МВР. Гласачите повторно ја слушаат старата приказна: секогаш некој друг е одговорен – велат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да ја искористат можноста за увид во Избирачкиот список и да ги пријават неправилностите во ДИК, но и на ЦИВИЛ, со цел да се спроведе јавна контрола на процесот. Тоа може да се направи со порака на електронската адреса на ЦИВИЛ: civil@civil.org.mk, со назнака: Избирачки список. Во пораката наведете име и презиме на реално постоечките лица, адресата, а потоа имињата и презимињата на лицата што не живеат на таа адреса. На располагање е и тел. број: 02 / 520 91 76 од 9 до 17 часот, секој работен ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...