Пијан ги тепал децата и сопругата, полицијата му поднесе кривична

Вчера во 01.05 часот насилникот е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

118

Пијан скопјанец пред два дена ги претепал двегодишниот син и сопругата.

Секторот за внатрешни работи Скопје му поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје. Го сомничи дека извршил две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“.

Според полицијата  Ф.С. на осми август прво додека неговата сопруга била на работа физички го нападнал двегодишното дете, кое се онесвестило.

Околу 18.30 часот неговата сопруга  Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба.

Во моментот кога нејзиниот најстар син (9 години) ја отворил вратата, Ф.С. физички ја нападнал Ѓ.С.. Таа успеала да избега во собата кај децата, кои и кажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат. По кратко време, Ѓ.С. со такси возило го однела двегодишниот син во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С.. Тој и порано ги малтретирал. Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во шелтер центар.

Вчера во 01.05 часот Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...