Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри потврди дека бил поканет да застане на чело на Реал Мадрид по изненадувачкото повлекување на Зинедин Зидан, но е горд со одлуката да му откаже на „кралскиот“ клуб.
– Го отфрлив предлогот на Реал, бидејќи веќе му дадов збор на нашиот претседател, дека останувам, призна Алегри.
Тој сепак вели дека сон на секој тренер е да застане на чело на гигантот од Мадрид.
– Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот и сон за секој тренер. Се чувствував поласкан од интересот кон мене, но јас сум апсолутно сигурен дека донесов правилна одлука, со тоа што ги одбив. Не сакам да ме споредувате со Буфон и Дел Пјеро. Тие напишаа историјата во дресот на Јуве и се легенди, а јас сум во клубот едвај 4 години, додаде Алегри.