Градинките „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, со своите клонови во Општина Центар, ќе го зголемат капацитетот за прием на деца во општинските градинки.
Од општина Центар информираа дека оваа мерка вчера ја усвои Советот на општината на 16-тата седница, но не прецизираа за колкав број на деца ќе се зголеми капацитетот.
На седницата советниците ги усвоиле и предлог извештаите за работа на седумте основни училишта, како и извештаите за програмта за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности на учениците.