СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот

243

СДСМ денеска ги повика ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да се изјаснат во врска со референдумот.

„Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум. Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став. Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство е штетно за државата и за сите нејзини граѓани“, реагира СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека опозициската партија и нејзиниот лидер треба да се изјаснат дали се за светла иднина или за темно минато, дали се членство во НАТО и ЕУ или амнестијата на криминалот им е поважна од сѐ?

„Ако се за иднина, ако се членство на Македонија во ЕУ и НАТО ракводстворо на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да ги повика своите членови да гласаат на референдумот. Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација“, порачува СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...