Во затемнета просторија и на непозната локација во Сирија, двајца џихадисти од Македонија го раскажаа својот пат, ангажман и како што велат самите, ужасот на сириските боишта во оската на злото.
Двајцата џихадисти четири години се бореле на страната на злогласената Исламска држава, пред да паднат во рацете на силите на Курдската милиција. Интервјуата се дадени за сириската агенција АНХА во рубриката насловена „Исповеди“, датираат од лани и најверојатно се направени во еден од затворите во Северна Сирија.
Дел од интервјуата во Македонија ги пренесе Канал 5.
-Од Македонија сум. Во Сирија заминав во октомври 2013-та година. Прво бев во градот Тил Рифат. Таму минав 20 дневна обука, која вклучуваше и воени вежби и верски часови. Се борев против силите на Курдската милиција и против Слободаната сириска армија. Во Сирија и се женив и имав две деца – вели поранешниот припадник на ИСИС од Македонија.
Во Сирија, тој вели дека се оженил и имал две деца. Меѓутоа, во неговото интервју тој порачува дека ИСИС е лажно движење.
-На сите поддржувачи на ИСИС во Европа им велам да останат подалеку од Исламската држава. ИСИС е лажно исламско движење. Видов страотни сцени на масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези. Кога го видов тоа, побегнав и им се предадов на сириските демократски сили – вели припадникот на ИСИС.
Целиот текст со видео можете да го погледнете ТУКА.