Вечерва без вода за пиење ќе останат делови од седум населби во Скопје

481

Без вода за пиење вечер од 20 часот до завршување на работата ќе останат делови од Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над петти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, како и дел од Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. „Борис Трајковски“ и дел од бул. „Србија“ (од новиот кружен тек до бул. „Борис Трајковски“), соопштија од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна линија сo пречник 700 мм, што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу ул. „Христо Татарчев“ и бул.„Србија“ (последна 24-ка).

Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, посочуваат оттаму, е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле утре во периодот од 8 до 14 часот.

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...