Најдоцна до утре ќе се знае дали има западнонилска треска во Македонија

Граѓаните кои патуваат треба да се заштитат од убод од комарци. Човекот се заразува ако го касне заразен комарец кој го носи вирусот. Заболувањето не се пренесува од човек на човек. Откако ќе го касне заразениот комарец човекот има период на инкубација што може да трае од три до 14 дена. Просечно во рок од седум дена од каснувањето може да се развијат одредени симптоми.

291

По лабораториските наоди за два позитивни резултати во крвта кои укажуваат на можна инфекција, во тек се дополнителни испитувања во лабораторија на Институтот за јавно здравје за да се потврди или отфрли присуството на вирусот на западнонилска треска кај две лица (дете и жена). Резултатите се очекуваат до крајот на денот или утре изутрина.

Ова денеска за МИА го изјави доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој рече дека лабораториското потврдување на западнонилска треска се врши преку докажување на антитела во ликвор (течност во рбетниот мозок) или преку детекција на нуклеинска киселина на самиот вирус.

– Нема потреба од паника. Станува збор за два случаи – дете и жена. Западнонилската треска се пренесува со убод од заразени комарци. Граѓаните кои патуваат треба да се заштитат од убод од комарци. Човекот се заразува ако го касне заразен комарец кој го носи вирусот. Заболувањето не се пренесува од човек на човек. Откако ќе го касне заразениот комарец човекот има период на инкубација што може да трае од три до 14 дена. Просечно во рок од седум дена од каснувањето може да се развијат одредени симптоми – посочи д-р Микиќ.

Појасни дека повеќе од 80 отсто од луѓето каснати со заразен комарец поминуваат без симптоми, а 20 проценти може да развијат симптомска инфекција со зголемена температура, исип на кожата, треска, главоболка, болки по телото, дијареа, замор, а само кај еден отсто може да се развијат сериозни форми, како што се тешка клиничка слика, кои можат да бидат смртоносни, со воспаление на мозокот, парализа на одредени органи…

– Оние кои имаат многу висока треска, силна главоболка, укочен врат, конфузија, симптоми кои покажуваат дека дошло до воспалување на мозокот, напади, парализа на мускули или слабост да се обратат на доктор, рече д-р Микиќ.

Тој нагласи дека многу е важна заштитата од убоди од комарци, да се престојува во затворени простории, да се ставаат мрежи на прозорците, да се избегнува престој во природа или покрај вода во период кога комарците за најактивни во самрак или рано наутро и да се користат препарати за заштита од инсекти и креми. Оние кои одат на планина, посочи, треба да носат долги чорапи и заштитна облека за да се заштита од крлежи.

Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од западнонилска трска, од кои деветмина починале, соопшти српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ – Батут“. Според податоците на Институтот, петмина од починатите се од реонот на Белград, а останатите четворица од Војводина. Заболените се жители на Војводина, Белград или реонот долж течението на Дунав.

Две лица на возраст од над 80 години летово починаа во Грција, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“. Од оние кај кои се појавиле симптомите на западнонилската треска, 12 се хоспитализирани. Министерството за здравство на Грција објави информации за граѓаните за превенција и заштита од вирусот.

Вирусот на западнонилска треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци. Вирусот од Африка на европско тло го носат птиците преселници, од кои се инфицираат комарците и потоа ја шират заразата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...