Фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ е пратен на позајмица во Челзи. Премиерлигашот денеска го промовира новиот свој член.
„Сините“ објавија дека договорот на 24-годишниот фудбалер со лондонскиот тим е наменет за една сезона.
Ковачиќ има 46 настапи за хрватската репрезентација за која играше и на неодамнешниот Мундијал во Русија.
Пред да се пресели во Мадрид, Хрватот играше за Динамо Загреб и Интер. Минатата сезона, Ковачиќ беше дел од составот на Реал на 35 натпревари на кои забележа две асистенции.