Продолжи чистењето на коритото на реката Вардар во Скопје. Деновиве, како што информираат од Град Скопје, на „удар“ е потегот од булеварот 8-ми Септември до мостот „Гоце Делчев“, се коси тревата и се отстанува наталожената мил и песокот од коритото на Вардар.
– Како дел од овие активности се чистат и камењата на косините, како и фугите меѓу камењата. Таму каде што има потреба фугите се затвораат со цементен малтер – велат од Градот.
Чистењето и уредувањето на кејот на реката Вардар ќе продолжи и во наредниот период, а во акцијата се вклучени и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.