Два сомнителни случаи на западнонилска треска се евидентирани во Македонија, станува збор за дете и повозрасна жена кои се хоспитализирани.
Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје проверуваат дали вест најл вирусот кој го пренесуваат комарци е причина за нивната состојба, или, пак станува збор за друга инфективна болест, објави телевизија Сител.
Од ИЈЗ ќе им направат епидемиолошка анкета дали биле каснати од комарец или патувале во земја каде има заболени од западнонилска треска.
Во Србија веќе има седумдесетина заболени и петмина починати од западнонилска треска.