На прашањето за која партија ќе гласате доколку утре се одржат парламентарни избори, податоците од новата анкета на МЦМС што ја објави ТВ Телма, покажува дека за СДСМ би гласале 24,4 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 24 отсто. За ДУИ би гласале 6,9, додека за Алијанса на Албанците 2,7 отсто. БЕСА би добила 1,7 проценти.
За други партии се изјасниле 2,5 проценти од испитаниците, а не знаат или нема да гласаат 37,8 проценти.
Кај етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има мала предност од 31,2% наспроти СДСМ со 28,3%. СДСМ сѐ уште има поддршка кај 8% од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од 1%.
Овој резултат е во рамките на испитувањето на јавното мислење за претстојниот референдум, кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на примерок од 1.026 испитаници. Резултататите се подложни на статистичка грешка од плус-минус 3,1 отсто.