Идната година во Зоолошка градина Скопје пристигнуваат долгонајавуваните пингвини.
Доаѓањето на пингвините е најавено дека ќе се реализира на пролет.
Скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година поради стопирање на изградбата на живеалиштето одеднаш, нивното доаѓање е одложено.
Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено на време.
-Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што е ветено, да не го видат. Сепак, нашата цел е да направиме европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет- вели Галетановски.