Обединување

818

Во Република Македонија, географски мала држава, како и бројчано, постојат голем број, по различна основа, разлики и поделби. Да споменеме само неколку основи: етнички; религиозни; идеолошки (м.з. повеке декларативно); материјален статус; (сега веќе за Македонците и)  „словенски“, v.s. „антички“; (кај носечката владина партија повторно) ,„урбани“, vs. „рурални“ кадри; про-ЕУ и НАТО v.s. про-Путин-сти; мегу коалиционите партии во владата; граѓани кои во Србија гледаат како најблиска држава, други кои јавно (или полујавно) во Бугарија ја гледаат „нашата иднина“ , трети кои исклучиво гледаат и следат што се случува со Косово, отколку во РМ и, четврти, кои богами, и покрај силната националистичка реторика и гласната анти – грчка реторика се обвезбедуваат со недвижнини во таа за нив „омразена држава“. Постојат уште многу видливи и важни разлики во нашето опшество, но во име на просторот да се задржиме на погоре спомнатите.

Денеска Република Македонија е (повторно) пред голем предизвик. Предизвик од чие што решение (сакав да го одбегнам продолжението на оваа реченица, но тоа нема да помогне) зависи стабилноста и безбедноста на државата и секојдневниот живот на нејзините – поделени – граѓани, а особено за нивните деца.

Пред 3-4 години, на сега веке еден актер во владата, сугерирав, по примерот на најважните меѓународни организации (ООН, ОБСЕ), па дури и кај индијанските племиња, да се формира т.н. (неформален) СОВЕТ НА МУДРИ во кој би учествувале лица (и странци) кои со своето искуство и мудрост, во различни области, би ги анализирале проблемите со кои (ќе) се соочува новата власт и на владата би и давале свое (неообврзувачко) мислење, совети и мерки. Секако, и критики.

Доколку беше формиран таков „совет“ , уверен сум дека еден (или прв) од советите што би го дале би бил: Обединување! односно, надминување на погоре спомнатите и неспомнатите објективно присатни разлики (при тоа не мислам на обединување (само) на политичките елити; на обединување на политичките и бизнис елити; на математичко обединување….), туку на обединување за подобра за сите грагани иднина. Разликите ке останат, но нивниот интензитет ќе биде многу помал.
Некој, оправдано, ќе каже дека тоа и не е некоја мудрост. И веднаш се наметнува прашањето како да се надминат тие разлики и како да се обединиме? Разликите се длабоки и навидум тешко надминливи. Мислам дека и тука „Советот“ би имал лесен одговор: Подобра иднина за граѓаните и државата, стабилност и безбедност, постепена, но видлива благосостојба, правна држава, граќанинот во центарот на вниманието на политичарите (а не обратно!), …….

Се ова, и многу повеке, сме веке го слушале многупати во предизборните настапи, како и после формирањето на новите власти. Сме имале „100 чекори…“ па потоа и „надградени и проширени“ „отчети“ , па „3-6-9“ ….но, доминантен впечаток кај граганите е дека во нивниот секојдневен живот и не забележуваат некоја поголема промена (подобрување) – и покрај веќе доброразвиениот ПР. Да беше до ПР (и фотографии од разни средби…), зарем на последните локални избори би имале таков резултат каков што имавме!?

Оттука, останувам на тезата дека спас за иднината, за нормална и европска Република Македонија е „Обединување“. Не само за актуелните надворешни прашања, туку исто така и за внатрешните прашања. Веројатно најтешкото прашање е кој/кои треба да бидат актерите. По дефиниција, Владата и Собранието се најповикани во остварување на таа мисија. Не би ја исклучил, во одделни сегменти, и „мегународната заедница“.
Мегутоа, состојбите (проблемите) во државата се комплексни и испреплетени. Класичниот пристап дека владата треба да ги решава проблемите, во нашиот случај, уверен сум, не би го дал посакуваниот и брз резултат.

По мене, оваа мисија подразбира конструктивна, одговорна и квалитетна соработка и пристап, почнувајќи од ПРМ, Собранието, ПВРМ, министрите, замениците и државните секретари во ресорите, правосудството, лидерите на партиите и нивните најтесни раководства, директорите на ЈП, бизнис секторот и стопанските комори, (големиот број на) агенции, локалната самоуправа, НВО, медиумите, ……. па се до секој индивидуален граѓанин во државата.

За да не бидам погрешно разбран, нагласувам дека кога ги спомнувам судството, медиумите, НВО, не мислам на нивна подреденост и послушност кон власта.
И во оваа пригода се залагам за постоење на (неформален и независен) „Совет на мудрите“ кој ќе ја гледа „големата слика“ кој ќе предлага стратегии и концепти…. и кој, ако има основа, ќе критикува. И се во функција на 1. Обединување; 2. Поставување на фундаменти на идното здраво, праведно и одржливо опшество; 3. Создавање на услови за приклучување кон НАТО и ЕУ, не на ,„мала“ туку (достоинствено) на „голема врата“ ; 4. Вракање на иселената младина во државата.

П.С. Не случајно во многу развиени држави постојат, платени од држават, критичари / коректори на лидерството на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...