САД со месеци притискале Македонија да ги прифати терористите кои се бореле во Сирија и Ирак

1155

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека се приведени седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

Оттаму наведоа дека акцијата ја спровеле во соработка со Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили.

„Она што не се наведува е дека лицата и биле испорачани на Македонија од меѓународните партнери директно на аеродромот во Скопје. Според новинската агенција Асосиејтед прес, по повеќемесечен притисок од САД, неколку држави меѓу кои и Македонија прифатиле репатријација на свои државјани кои учествувале во борбите на фронтовите во Ирак и Сирија како дел од ткн. Исламска држава и други терористички организации“, пренесува Дојче Веле.

Според она што го објави Дојче Веле, Македонија е последна во низата земји кои прифатиле да ги репатрираат терористите уапсени од страна на Сириските демократски сили- борбена група која делува со поддршка на САД. Се работи за вкупно 600 борци кои треба да се префрлат во земјите на потекло, но проблемот на САД е што голем број други европски држави одбиваат да ги примат назад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...