Кандидатите коишто ја посетуваат обуката за оџачари во средното училиште ГУЦ „Здравко Цветковски“, деновиве излегоа на терен и го почнаа бесплатното чистење на 100 оџаци на граѓаните што се пријавија на повикот на Градот Скопје, соопштија градските власти.
На обуката за оџачари учествуваат 10 кандидати, а меѓу нив е и единствената жена кандидатка која ги руши стереотипите за машки и женски професии.
Град Скопје ја организира обуката Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, трае три месеци, а за времетраењето секој учесник добива надомест од по 9.000 денари месечно. По завршувањето, секој од кандидатите, покрај сертификат, ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.
– За потсетување, засега во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45 отсто од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак – велат од Градот.