Критичарите на оваа власт, а особено оние за кои на социјалниве мрежи, а и другачие, прецизно им ги знаеме идеолошките позиции, матрици, дека се у пи*ку матер далеку од оние на ДПМНЕ и каква било античко тврдокорна појава, никој, ниту Горниот ќе може да ги разубеди, да ги поколеба и во последен момент да ги натера да решат да не излезат на референдумот. Тие, не сакам да ги набројувам, ги има бајаги, ама сите до еден, ги почитувам поради искреноста, поради трезвеноста и незабеганоста, незалепеноста за власта, за која било власт, па и за оваа, власт, која, според некоја замислена идеолошка матрица се препознава и во нив. Зрачеа на иста бранова должина додека власта беше опозиција…
Нив, како што можеме да ги забележиме на социјалниве мрежи и на некои од „озлогласените комуњарско соросодини“ портали, ги има многу. Јавно се противставуваат на погрешните чекори на власта, некои тоа го прават со мајтапење, некои други многу сериозно и квалитетно, некои трети под сѐ поочигледниот превез на разочараноста. Колку и да делуваат деструктивно во овој предреферендумски период, во кој, апла се соочуваме со примери на класичен сељачизам од позиција на добиена власт, дрчност и простачка самоувереност, сите тие јавни критичари, меѓу првите ќе излезат на 30 септември и со себе ќе повлечат уште неколкумина за да го сторат истото, да заокружат ЗА. Тука немам никакви дилеми…
Е сега, ако власта живее во лажна надеж дека и покрај сите киксови кои некои поединци во неа ги прават, а оваа шашаво се обидува да ги брани, заради референдумот ќе бидат заборавени, дека овие кои сега ја критикуваат отворено и сосема на место ќе замолкнат под еуфоријата на позитивниот резултат од референдумот, тогаш, другарице и другови са Бихачко коалиционог комитета, некој од сега треба да знае дека се заебал. Дека гадно се заебал. Референдумот не е политичка трка, и граѓаните многу добро знаат и зошто ќе излезат и зошто ќе заокружат ЗА, ама тоа ќе биде благодарение само на еден успешен, повторувам, НА САМО ЕДЕН успешен чекор на власта, а се вика храброста и решителноста да се потпише договорот со Грција, ама не и за начинот на практицирање на власт дома…
Ви текнуе…? Ондак, тенкју…