ДИК за референдумот планира да потроши речиси 3 милиони евра

154

ДИК планира да потроши 169.770.000 денари (околу 2.700.000 евра) за целосно спроведување на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи на 30 септември. Како што образложи денеска претседателот на Комисијата Оливер Дерковски тоа е намалување за 20 проценти во однос на средствата одобрени од Собранието на РМ во износ од 210 милиони денари.

– ДИК има обврска да донесе финансиски план за распоредување на овие средства. Во овој план првично се планира да се потрошат 169.770.000 денари односно 20 проценти помалку од предвидените. Планот не значи дека ова е дефинитивната бројка. Се надеваме дека по спроведување на тендерите ќе се изврши натамошно намалување на средствата со цел рационално трошење на парите од даночните обврзници, рече Дерковски.

Согласно планот, предвидени се и средства во износ од 80 милиони денари за надоместоци за изборните органи односно за општиниските изборни комисии и избирачките одбори во земјата, како и за избирачките избори во дипломатско конзуларните претставништва.

За членовите на ДИК, како што нагласи Дерковски, не се предвидени бонуси.

ДИК на денешната седница одлучи да го продолжи до 10 август рокот за доставување на ценовниците за медиумско претставување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...