Куртоа не тренираше со Челзи, сака во Реал

Медиумите на Островот пишуваат дека никој од лондонскиот клуб не знае зошто 26-годишниот Белгиец не ги извршува своите обврски.

138

Белгискиот голман Тибо Куртоа го пропушти тренингот со Челзи и чека трансфер во Реал Мадрид.

Најдобриот чувар на мрежата се наоѓа на излезна врата од „Стемфорд Бриџ“, а тоа денеска за медиумите го потврдил и тренерот Маурицио Сари.

Медиумите на Островот пишуваат дека никој од лондонскиот клуб не знае зошто 26-годишниот Белгиец не ги извршува своите обврски.

Договорот на Куртоа со Челзи истекува идното лето и затоа с еверува дека клубот ќе го дозволи трансферот во Реал со цел да добие одредена сума за обештетување.

Голманот на Белгија од 2011 година е член на Челзи. Беше на позајмица во Џенова и Атлетико Мадрид и сега се очекува да се врати во шпанската престолнина каде живее неговото семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...