Турската партија разочарана од новиот амбасадор на Косово, им пиша на Иванов и Димиртров

534

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), како и целата турска јавност во Р. Македонија, но и пошироко, со голема доза на разочараност и огорченост ја примија веста дека новиот амбасадор на Република Косово во Република Македонија ќе биде токму лицето Ѓерѓ Дедај, кој претходно додека ја вршеше функцијата заменик министер на Косово во повеќе наврати даде скандалозни, навредливи, крајно фашистички изјави кон турскиот народ, реагираат од партијата.

Тие испратиле и писмена реакција до претседателот Ѓорге Иванов и до министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Категорични сме дека човек кој има ваков фашизоиден и примитивен ментален склоп во ниту еден случај не смее да биде амбасадор во нашата земја која во сите сегменти максимално се труди да ја негува и промовира мултиетничноста како една голема придобивка за целото општество. Сигурни сме дека прифаќањето на дотичната личност како амбасадор во Р. Македонија ќе резултира негативно врз мултиетничките релации во нашава земја и регионот, но и ќе влијае негативно и кон пријателството со Р. Турција. Веруваме дека во име на промоција на позитивните вредности во целиот регион, но и за зацврстување на пријателството со Р. Турција ќе ги искористете сите Ваши ингеренции и нема да дозволете ваква контроверзна личност да биде именуван како амбасадор во Р. Македонија“, им порачуваат од партијата.

ОД ТХП најавуваат дека во следните денови ќе преземат и порадикални демократски чекори за решавање на овој проблем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...