„Фејсбук Дејтинг“ – нова алатка на социјалната мрежа

Откако ќе го активирате „Фејсбук Дејтинг“, ќе можете да ги видите само профилите на луѓе, кои исто така ја користат оваа функција. Во овој случај, досегашната и појдовната кореспонденција нема да се објавува на ѕидот на профилите.

999

Фејсбук тестира неколку различни алатки за да ја претвори социјалната мрежа во посериозен конкурент за „Тиндер“ и „Меч Груп“.

Уште во мај, за време на конференцијата на Ф8, беа презентирани неколку алатки наменети за запознавање на нови луѓе.

Според најновите податоци на „ТекКранч“, компанијата нема намера да претстави нова мобилна апликација, туку „Фејсбук Дејтинг“ (Facebook Dating) ќе биде функција интегрирана директно во социјалната мрежа.

Конечната верзија сѐ уште не е подготвена, бидејќи се потребни дополнителни тестови од програмери. Во овој момент, само вработените во Фејсбук можат да ја користат алатката, но во рок од неколку недели таа ќе биде достапна за сите корисници.

Новата онлајн функција ќе биде првенствено за луѓе кои се во потрага по сериозна врска и ќе имаат корист од огромното количество податоци, што Фејсбук ги има за сите корисници.

Откако ќе го активирате „Фејсбук Дејтинг“, ќе можете да ги видите само профилите на луѓе, кои исто така ја користат оваа функција. Во овој случај, досегашната и појдовната кореспонденција нема да се објавува на ѕидот на профилите.

Ако сакате пријателитe да ја видат вашата комуникација во „Фејсбук Дејтинг“, можете да ја додадете во секое време на ѕидот.

Новата функција, исто така, ќе понуди интеграција со „Фејсбук Месинџер“ и „ВатсАп“, кои исто така се во сопственост на компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...