Италијанскиот фудбал треба да оживее и да се врати спектаклот, смета легендата на бразилскиот фудбал, Роналдо, кој е амбасадор на Реал Мадрид.
Тој во изјава за „Скај Спортс“ се осврана на трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, оценувајќи дека овој потег е позитивен за италијанскиот фудбал, кој според него, „во последно време не е во добра состојба“.
Поранешниот напаѓач на „нероазурите“ се осврна и на гласините што го поврзуваат Лука Модриќ со Интер.
– Пазарот е чуден и ќе видиме што ќе се случи. Очекувам Интер да постигне резултати. Јас сум нивниот најголем обожавател. Модриќ? Вистината е дека не знам дали има договор. Ќе видиме, но сите големи тимови се засилуваат и Интер нема да заостане во тој поглед, изјави Роналдо.