Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре (среда, 8 август) и ќе трае до 12 август во Веро центар во Скопје. Посетителите на трговскиот центар ќе може да купат голем број производи по намалени цени, а во сабота (11 август) во 12 часот ќе се одржи и концерт за најмладите на кој ќе настапи хорот на детскиот фестивал „Поточиња“.
Следејќи ги потребите на потрошувачите, менаџерскиот тим на Веро центар одлучи летните денови да ги „освежи“ со екстремно ниски цени во трговскиот центар. Само дел од продавниците каде што ќе може да се пазари со попуст се: „Спорт М“, „Анхоч“, „Топ шоп“, „Васидора“, „Дуки Дасо“, „Сара фешн“, дрогеријата ДМ, маркетот на „Веро“, продавниците во одделот за храна и други. Дополнително, дел од забавата ќе биде и концерт на хорот на „Поточиња“ кој е наменет за најмладите.
– Секогаш размислуваме како да бидеме во чекор со потребите и желбите на сите наши посетители без разлика на годините. Овој пат, повозрасните ќе можат да можат да најдат огромен број производи по ниски цени, а за децата организираме концерт на хорот на еден од најпознатите детски фестивали во земјава, „Поточиња“ – вели Љубица Короскоска, маркетинг директор во компанијата „Веропулос“.
Во трговскиот центар досега се имаат одржувано низа случувања на различни теми како што се „Чоколенд“, „Чиз ленд“, како и голем број ненадејни концерти и настани. Овој пат летото ќе биде одбележано со распродажбата со неверојатни попусти и до 80 отсто, а се планираат уште многу изненадувања за посетителите во периодот што следува.
(промотивен текст)