Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје, во пет скопски општини ги замени старите и дотраени контејнери за комунален отпад со нови.
Во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и во Кисела Вода, со нови контејнери се заменети вкупно 155 дотраени контејнери на 28 локации.
Како што информираат од претпријатието, истоверемно е извршено комплетно миење и дезинфекција на сите постојни садови за исфрлање на отпадот со зафатнина од 1,1 квадратен метар и на нивните микролокации.
Од претпријатието информираат дека во наредниот период ќе продолжат со акцијата во сите скопски општини, со цел да се подобри хигиената и да се избегне ширењето на непријатните миризби.