Транспорт го поништи тендерот за авиопревозници

На јавното отворање што се одржи на 27. јули 2018 година во Министерството за транспорт и врски, беше доставена само една понуда.

1194

По предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување финансиска поддршка.

На јавното отворање што се одржи на 27. јули 2018 година во Министерството за транспорт и врски, беше доставена само една понуда.

На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2.1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање.

Врз основа на ова, Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

Согласно извештајот од Комисијата, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување финансиска поддршка.

Министерството за транспорт и врски во најкраток рок повторно ќе го објави јавниот повик за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, со цел да се овозможи развој на авиосообраќајот во Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...