СДСМ: Палењето слика на политичар е напад врз демократијата

1211

Палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ,реагира СДСМ на информацијатадека на протестот на иселениците во Австралија е запалена слика на премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев.

„Палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но граѓаните не дозволуваат омразата и гневот на поединци да и наштетат на државата и нејзините интереси.

Република Македонија ја победи омразата, стави крај на поделбите и одбра да оди напред како модерна, демократска држава и како општество еднакво за сите.

Граѓаните на Македонија поддржаа политики на пријателство и соработка преку кои се решаваат проблемите и отворените прашања на државата, а благодарение на таа поддршка и тие политики Македонија наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Палењето фотографии е антидемократски чин, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ“, се вели во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...