Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во друштво на своите сопартијци беше на концерт на познатиот диџеј Армин ван Бурен на стадионот Билјанини извори во Охрид.
Мицкоски на концертот, меѓу другите беше придружуван од шефот на неговиот кабинет, Златко Перински, актуелниот претседател на УМС, Лука Кржаловски, поранешниот претседател на УМС и актуелен член на Извршниот комитет на партијата, Владимир Нелоски.