Љаиќ не сака да се воведат контрамерки кон Македонија

294

Љајиќ вели дека се обидува да го реши овој проблем со договор и компромис.

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во врска со проблемот околу извозот на српското брашно во Македонија, за РТС денеска изјави дека се противи на воведувањето контрамерки кон Македонија, велејќи дека тоа би било лошо и за српските и за македонските бизнисмени.

– Извозот не е забранет, туку со тие вонцарински мерки и бариери тој е отежнат, а нашите извозници со тоа стануваат неконкурентни во споредба со другите. Ние сакаме рамноправен однос, како што предвидуваат правилата на Светската трговска организација и на ЦЕФТА – рече Љајиќ.

Тој додаде дека се обидува да го реши овој проблем со договор и компромис.

– Сакаме потполно слободен проток на стоки и во една и во друга насока. Подготвени сме да ги отстраниме бариерите. Предуслов за сето ова е повлекување на овој правилник- изјави српскиот министер за трговија.

Љајиќ, коментирајќи како сето ова ќе влијае врз српските мелничари, рече дека ова го прави нивниот извоз неиплатлив и дека ќе изгубат месечно околу 200.000 евра, доколку оваа мерка се задржи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...