Додека Министрството за внатрешни работи го истражува случајот за користење на службено возило во приватни цели, НетПрес од свои извори дознава дека со лускузниот теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” во Грција во моментов на летување е ќерката на висок полициски фунцкионер со нејзините другарки.
Според изворот на редакцијата, станува збор за ќерката на директорот на Бирото за јавна безедност (БЈБ), Лазо Велковски, која заедно со уште четири девојки со службеното возило, кое го должи таткото, летува во кампот „Евридики“.
Во врска со овој случај вчера се огласија и од МВР од каде рекоа дека вчера и во петокот возилото било во Скопје.
– Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје – стоеше во вчерашниот одговор од Министерството.
Оттаму најавија проверка на информациите кои излегоа во јавноста.