ОБНОВЕНО Бројот на жртви од пожарите во Грција се искачи на 90

159

Бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите во источниот дел на областа Атика, достигна до 89 лица, откако 55-годишна жена, им подлегна на повредите во атинска болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред два дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси две седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа шест лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници има  38 повредени лица, од кои осум се во сериозна состојба.

ОБНОВЕНО:

По 55-годишната жена, која утрово почина, уште едно лице, 85-годишен маж, им подлегна на повредите во една од атинските болници. Со тоа бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите достигна до 90 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...