Скопје ќе добие нови 5 километри велосипедски патеки

371

Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри.

Нови велосипедски патеки ќе има на бул. „Борис Трајковски“ – од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ (3132 метри), на улица „11 Октомври“ – од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ (666 метри), на бул. „Крсте Петков Мисирков“ – од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар (1142 метри) и на улица „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ (310 метри).

– Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на реконструкција на велосипедските патеки на бул. „8 Септември“ – од крстосница со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосница со улицата „Скупи“ – соопшти Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...