Пукната гума на камион ги предизвикала пожарите во Калифорнија

172

Камионска гума што пукнала при возење е причина за почеток на шумските пожари што опустошија огромните области на Калифорнија во текот на изминатите две недели, јави Си-Ен-Ен.

На 23 јули, на пат во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион – нешто вообичаено во копнениот сообраќај, според телевизијата, и од искрите се запалува оган.

Во пожарот што американските медиуми го нарекоа „Кар“, досега загинаа шест цивили и двајца пожарникари, уништени се 134.000 хектари (околу 542 квадратни километри), а пожарот се уште  беснее.

Експерти од пожарникарските служби прават мрачни прогнози и предупредуваат дека последиците од пожарот Кар ќе ја чинат државата милијарди долари во следната деценија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...