Каракамишева: Со вас ни тикви не се садат камоли влада да се дели

2811

Универзитетската професорка Тања Каракамишева, која сега има и партиска функција – претседателка на комисијата за политички системи на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на социјалните мрежи откако вчера премиерот Зоран Заев обелодени дека му понудил на Христијан Мицкоски влез во владата, да го поделат мандатот и заедно да работат до полноправното членство во НАТО, но оти тој одбил.

„Со тебе у Влада?Ни на сон човеку! Многу брзо ќе си понесете индивидуална и топтан колективна одговорност пред Македонскиот народ и реформираниот суд за ујдурмава и ќе заминете засекогаш!Со вас ни тикви не се садат камоли Влада да се дели!Пу пу скраја да е!“, напиша Каракамишева.

Заев кажа дека опозицијата го одбила предлогот, но останала цврсто на барањето за амнестија.

Каракамишева, инаку беше придружничка на Мицкоски на трите лидерски средби кои се одржаа во Клубот на пратеници во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...