46 Македонци платиле за работа во Германија, останале на улица да го чекаат автобусот ВИДЕО

1278

Група од 46 Македонсци биле измамени од извесен Иван Иванов, кој зборувал со нив преку вибер на Бугарски . Платиле за да работат во Германија, а останале на улица да го чекаат автобусот, објави Канал 5.

Доцнењето на автобуост во првите 15тина минути на почеток не ги загрижило патниците, кои требало да тргнат на пат за Германија каде требало да работат во фабрика за салвети. По два часа чекање, виделе дека се измамени, ниту дошол автобус, ниту организаторот за работата во Германија. 46 луѓе преку интернет оглас се пријавле за работата. Секој од нив пријавувањето и патот го чинело 100 евра. Габриела Ангеловска дала и отказ од работа.

Лицето за контакт бил Иван Иванов и говорел бугарски јазик, комуницирале на вибер, но лично не го виделе.

Целиот текст и видеото можете да ги погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...