Познато кој е убиениот Македонец во Кабул

1629

Министерството за надворешни работи се уште нема официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста за македонскиот државјанин кој беше киднапиран и убиен во Кабул, а некои медиуми веќе објавија дека жртвата е 37-годишен жител на скопското село Љубанци.

Според објавите во странски медиуми завчера, македонскиот државјанин заедно со уште две лица од Малезија и Индија, биле киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан.

Тројцата работеле во „Содексо“, втора по големина компанија за храна и кетеринг во светот. Компанијата „Содексо“, завчера изрази сочувство преку соопштение до јавноста за трагичната загуба на нејзините вработени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...