Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 21 до 34 степени, а УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје слично време со температура од 19 до 33 степени.
УХМР од утре најавува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде во средината на следната работна недела.