Срамота!

Не знам кој е повиновен. СДСМ или ВМРО. Или и двете партии. Повторно и на овој наш празник беа поделени

1987

Повторно пред светот си го покажавме вистинското лице. И на најголемиот и најсветол македонски празник се изрезиливме. Не се знаеше кој на кого плука. Не се бираа зборови за поголема навреда, за црнила. Како да не беше Илинден. Како ножот до коската да дошол па не се бираа зборови за поголеми навреди. Едните велеа дека ја продаваат, другите дека ќе ја чуваат Македонија. И тоа пред очите на светецот Свети Илија. И пред гости од Америка и други земји кои дојдоа заедно со нас да го чествуваат нашиот најсветол празник Илинден. Дојдоа да ни помогнат. А ние со камење и шишиња ги пречекавме и со пцовки ги испративме. Народот не бадијала рекол на посета се оди кај болен човек. Зар ние навистина сме болни!? Срамота.

Не знам кој е повиновен. СДСМ или ВМРО. Или и двете партии. Повторно и на овој наш празник беа поделени. Едните ВМРО, во Крушево, другите СДСМ, во Пелинце. Како Илинден да не е празник на сите Македонци, туку простете што така морам да кажам, Илинден како да беше ден на раздвојување. Едните на другите, како да сакаа да им докажат кои се поголеми Македонци. А оние што требаше да направат ред беа посебна приказна. Сеирџии. Нема друг збор за нив. За денот ли да им помине беа таму или за дневница да заработат!? Стоеја и гледаа како некои си „комити“ не само што извикуваа навредливи зборови, кон националностите, кон странците и владините претставници, туку пееја и провокативни и навредливи песни. А тие сеир си гледаа.

Оние во Пелинце пак, демек, „чисти“ СДСМ, немаа со кого да се „караат“. Испратија порака дека се за договорот со Грција, за промена на името и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Со песни и игри си заминаа.

Претседателот професор д-р Ѓорге Иванов, како со „душа“ да чекаше да дојде на „Мечкин Камен“, пред „своите“, кој го гушкаа, се ракуваа. Дојде да ги изнаплука другите, како никогаш досега. Нема да коментирам што кажа. Тоа е негово право, а нека суди за сѐ што кажа народот. А навредливите зборови, провокативните песни и фрлањето на шишиња, и друго по странската и владината делегација е за осуда. Треба сите оние што учествуваа, во ова „херојство“, дали организираи или не, да сносат одговорност.

Но едно е јасно. Срамота. Не им доликува и на едните и на другите на ваков начин да го прослават нашиот најголем национален празник Илинден. Крајно е да кажеме дека не се едните поголеми Македонци од другите. Македонија е на сите и на оние „партиските“ но, и на оние чесни Македонци, кои не се во ниту една партија, а од срце и душа си ја сакаат својата Татковина Македонија. Тоа не треба да се заборави!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...