Поништен тендерот во Здравство вреден 35 милиони евра

462

Министерството за здравство денеска одлучи во целост да го поништи тендерот вреден 35 милиони евра за јавна набавка и избор на фирма снабдувач за реагенси, а одлуката ќе биде соопштена и на единствениот кандидат фармацевската компанија АББОТТ и фирмата подизведувач АХР ЛАБ на Александар Јовановски.

Одлуката е донесена неколку часа откако пристигнаа решенијата на државната комисија за жалби по јавни набавки која ги прифатила сите три жалби на Адриамед, АД Д-р Пановски, Авицена компании.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека тендерот е стопиран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...