АДСДП: Градиме согласно годишната програма одобрена од Владата

251
20150612 Friday 1221 Skopje nov ploshtad nov plochnik rabotnici ploshtad TRANSMED transmed

Во врска со реакциите во јавноста во однос на евентуална изградба на 60-катници на просторот кај хотелот „Холидеј ин“, Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) попладнево соопшти дека гради согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ донесена од Владата и изготвена врз основа на Деталните урбанистички планови.

Според АДСДП, во интервјуто за МИА, генералниот директор Кристијан Трајковски посочи дека локацијата е идеална за изградба на современ бизнис центар, но конечната одлука треба да ја донесат надлежните институции, секако имајќи предвид дека конечниот глас ќе го имаат граѓаните.

АДСДП нагласува дека и натаму останува на својата основна задача – обезбедување развој на економски план како за државата, така и за АДСДП што во пракса значи привлекување домашни и странски инвестиции. 

– Оваа програма АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува. Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на Деталните урбанистички планови што ги изготвуваат општините согласно потребите за комерцијални и социјални станови, како и за деловни објекти. Токму општините одлучуваат за намената на локациите и за површината на градбите, наведува претпријатието – се вели во реакцијата од АДСДП.

Друштвото и во иднина ќе продолжи да ги почитува законските прописи на важечките урбанистички планови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...