Нема шанси да се градат три 60-катници на паркингот кај „Холидеј ин“, како што вели директорот на АД за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор (АДСДП) Кристијан Трајковски, вели за Сакамдакажам.мк, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.
Директорот Трајковски денеска во интервју за МИА рече дека со јавно-приватно партнерство планираат изградба на повеќе станбени и деловни објекти, меѓу кои и висококатниците.
Според Богдановиќ, посочениот Детален урбанистички план во моментов како и останатите планови во Центар е под мораториум, и дека се вршат измени со кои ќе биде намалена катноста на објектите.
Богдановиќ уверува дека нема да се даде дозвола на Акционерското друштво за објекти со толкава висина.