Мицкоски ѝ кажал на Галовеј дека не е задоволен од референдумското прашање

1413

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари прва работна средба со амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата Мицкоски ѝ посакал добредојде и посочил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно политички план се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со Обединетото Кралство.

Мицкоски рекол дека Република Македонија и нејзините граѓани се соочуваат со неодговорна и непринципиелна политика од власта. Тој истакнал дека и државата и граѓаните се заложници на коруптивното владеење и неспособноста на власта да ги спроведе реформите неопходни за исполнување на европските стандарди.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ искажал незадоволство од формулирањето на референдумското прашање за кое власта одби консензус со опозицијата. Самоволието кое што парламентарното мнозинство го демонстрираше за вака важно прашање од страна на Мицкоски беше посочено како неодговорен и антидемократски чин, рекол тој.

Спроед него, клучно за Република Македонија е да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.

Соговорниците се согласиле дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...