Извршниот директор на ФИБА на средба во Агенцијата за млади и спорт

79

Соработката помеѓу Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и ФИБА, како и помошта што  Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја дава во последните години за развој на младински категории и подобрување на условите за подготовка на репрезентативците биле тема на разговор на денешната средба во АМС со извршниот директор на ФИБА Камил Новак на која присуствуваа и генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и директорот на Федерацијата Владимир Темелковски.

На средбата, организирана од директорот на АМС Дарко Каевски, Новак искажал позитивни коментари за организацијата на Европското првенство У18-Б дивизија и изразил голема благодарност за домаќините.

Покрај тоа, се зборувало и за квалификацијата на Македонија за организација на Европското сениорско првенство во 2021 година во коорганизација со Грција, помогнато од АМС и Град Скопје, информираат од Агенцијата за млади и спорт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...