Видете ја Наоми Кемпбел во бикини на 48 години! (ФОТО)

„Црната пантерка“ се одмара со крстарење долж Јадранот на јахта чие неделно изнајмување чини 650.000 куни.

3099

Француската актерка Фарида Хелфа (58) со семејството и францускиот дизајнер на ентериери Винсент Даре (59) се одмараат пловејќи долж хрватскиот брег, а со нив, според ХРТ, е и еден од најпознатите светски супермодели – четириесет и осумгодишната Наоми Кемпбел.

Според објавените фотографии на Инстаграм, друштвото пристигнало во Дубровник од Црна Гора, на луксузна јахта долга 45 метри, која може да прими десет лица и ист број членови на екипажот во пет кабини. Неделното изнајмување на овој брод во летната сезона чини околу 105.000 долари (околу 650.000 куни).


Наоми, која нагалено ја нарекуваат „Црна пантерка“, била снимена како се сонча на палубата и весла во кану, а во вечерните часови со своите пријатели го посетила Дубровник, каде што уживала во далматинските специјалитети.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...