На регионалниот пат село Пирок-Тетово, кај село Горна Речица, вчера попладне, 66-годишен маж со автомобил „опел астра“ излетал од патот и удрил во бандера.
Веднаш по незгодата, И.Б. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Во присуство на jавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.