Египетскиот водител на ток-шоу Каири Рамадан уапсен е под обвинение дека ја навредувал полицијата и ширел лажни вести во неговата емисија.
Египетските обвинители наредиле 24-часовен притвор за Рамадан, а ќе биде покрената и истрага за фактите што ги изнел во својата емисија.
Според локалните медиуми, Рамадан објавил изјава на полицајка, која се жалела на малата плата и морала да работи како куќна помошничка за да ја плати школарината на своите деца