Јавниот долг на државата на крајот на првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра што е 47,7 отсто од предвидениот БДП за годинава.
Според податоците кои ги објави Министерството за финансии, долгот пораснал и на квартално и на годишно ниво.
Во истиот период државниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 39,9 отсто од проектираниот БДП.
Споредено со првиот квартал на 2018 година, државниот долг е повисок за 0,3 отсто, додека јавниот долг е повисок за за 0,5 отсто.