УХМР: Снегот се топи, можно излевање на реките

120
20121205 Wednesday 1055 plusinfo skopje sneg ladno vreme nevreme niski temperaturi stud zima studeno led

Опасноста од локални излевања на Треска, Црна Река и Вардар и нивните притоки и натаму останува во горните текови, како и на Пчиња, Сатеска, Голема Река и други реки главно во западниот дел од државата. Потврдени излевања има во горниот тек на Црна Река во атарот на селата Граиште, Единаковци, Света и Бучи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради појавата на високи водостои и излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во делови од Западна Македонија.

„Поради заситената почва со влага има појави на заезерувања. Одмрзнувањата на теренот и неговата заситеност со влага може да предизвика појави на одрони и свлечишта“ наведуваат од УХМР.

Висински метеоролошки станици на УХМР укажуваат дека има интензивно намалување на снежната покривка во Маврово, Крушево, Лазарополе, Пожаране и Ѓуриште.

Топењето на снегот, заедно со врнежите од дожд во изминатотот деноноќие, потенцираат, условува постојан дотек на вода во суводолиците и реките.

Водостојот на Треска кај Македонски Брод во 11 часот изнесува 219 сантиметри, на Црна Река кај Новаци 250, Боротинско Блато кај Боротино 280, Вардар кај Јегуновце и Радуша по 196, Пчиња кај Катлановска Бања 184, Голема Река кај Ресен 153, Сатеска кај Ботун 124 и на Радика на мернотоместо кај Бошков Мост 132 сантиметри. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...