МВР направило безбедносна проценка за настанот во Крушево

Претседателот Ѓорге Иванов, а не Владата или локалната власт, е официјален организатор на настанот на Мечкин Камен.

5149
Во одговор на полемика на Фејсбук, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, соопшти дека организатор на настанот во Крушево е претседателот Ѓорге Иванов, а не Владата или локалната власт.

На прашањето кој бил задолжен за обезбедување на настанот и за контраразузнавачките информации, со оглед на фактот што било најавено присуство на високи странски дипломати, на чело со Метју Палмер, заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Бошњаковски потврди дека МВР прави безбедносна проценка, која потоа ја доставува до организаторот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...