Градоначалникот на Крушево се извини за туѓиот срам

5878

Како градоначалник и пред сѐ, како граѓанин на Крушево го осудувам говорот на омраза денес на големиот државен празник Илинден на Мечкин Камен, фрлање на отров, кревање на тензии на маса луѓе принудена да дојде да урлика и да манифестираа агресивност, незадоволство, особено кон поканетите гости токму од Ѓорѓе Иванов, амбасадори како што беше рускиот, италијанскиот, американскиот Џес Бејли и г-дин Палмер, трет човек по ред од администрацијата на претседателот Трамп, Владината делегација на Р. Македонија.

Тоа што се случи денес не е одлика ниту на илинденците во Илинденското востание кои се бореа за слобода, правда, еднаквост, ниту истото било пишано во Крушевскиот манифест, а најмалку тоа требаше да го направи човек кој е поставен на функција претседател на Р. Македонија кој треба да ги штити и застапува интересите на сите граѓани.

Тоа ти е исто како да каниш некој гостин на слава и без причина да го натепаш.
Затоа се оградувам, им се извинувам на гостите од мое име и од име на општина Крушево, особено на оние кои беа поканети на чествувањето на празникот на Мечкин Камен а беа испратени на најниско ниво од страна на организаторот институцијата претседател на Р. Македонија, несоодветно со пцовки, урликања, па дури беше фрлано со предмети и камења кон нив, на што изреагирав, демонстративно станав и заминав од Мечкин Камен.

Крушево е симбол на слободата, еднаквоста, а Р. Македонија го трасира патот кон ЕУ и НАТО, нови делби и поделби не ни се потребни.

 

(Статус на Фејсбук на градоначалникот на Крушево, Томе Христоски)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...