Музеј до пештерата во која беа заробени децата и нивниот тренер

131

Почна изградбата на музеј, со кој ќе се оддаде почест на драматичното спасување на 12-те деца и нивниот тренер и спасувачот, кој загина во северната тајландска провинција Чианг Раи за време на спасувањето од пештерата Там Луанг.

Изградбата на музејот почна со традиционална будистичка церемонија во близина на пештерата Там Луанг, во која властите побараа благослов од локалните духови.

Се очекува изградбата на музејот да трае пет месеци и да чини 10 милиони бати (300.000 долари).

Парите за изградба на музејот се донација од тајландскиот уметник Чалармчаи Коситпипат. Тој наведе дека со музејот ќе им се оддаде почест на мултинационалната соработка и на херојот што го жртвуваше својот живот.

Статуа на нуркачот Самарно Кунан, кој почина за време на спасувачката акција, ќе биде поставена пред музејот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...